• петок, 06 септември 2024

Сибига именуван за нов шеф на украинската дипломатија

Сибига именуван за нов шеф на украинската дипломатија

Киев, 5 септември 2024 (МИА) – Парламентот на Украина денеска ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и за негов наследник го изгласа Андриј Сибига.

Кулеба (43) четири години раководеше со украинското МНР, а поднесе оставкла во рамките на големата реконструкција на Владата.

Сибига (49) од април ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи, а претходно беше заменик-шеф на претседателската администрација. Тој беше амбасадор во Турција и во Полска.

Според некои информации, Кулеба би можел да добие важна функција за интеграцијата на Украина во НАТО. ми/

фото: Икс

Остани поврзан