• недела, 05 мај 2024

Се уредуваат нови паркинг места во центарот на Штип

Се уредуваат нови паркинг места во центарот на Штип

Штип, 6 март 2024 (МИА) - Нови паркинг места се градат во централното градско подрачје. Градежната механизација денеска за паркинг простор работеше кај зградите во близина на зградата на Полициската станица - Штип, а веќе за утре исто е предвидено и за кај таканаречената „зелена кула“.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска изврши увид во градежните работи најави дека  ќе се работи и на партнерно уредување и поставување павер елементи, околу станбените згради. Тој посочи дека активности на терен има на улицата „Христијан Карпош“, како и во неколку населби.

За оваа инвестиција од буџетот на Општина Штип се издвоени околу еден милион денари.

-По завршувањето на партерното уредување на улица „Христијан Карпош“, познатите „црвени кули“, продолжуваме понатаму со уредување на останатите влезови од станбените згради, се уредува дел за паркирање затоа што е централно градско подрачје, а во непосредна близина се наоѓа и СВР Штип, така да потребата за паркинг места е поголема, и за жителите и вработените во институциите. Во текот на утрешниот ден продолжуваме со уредување на тротоарот и влезовите на станбената зграда „зелената кула“, која се наоѓа веднаш до СВР Штип, вели Јорданов.

Тој на денешната прес-конференција најави дека во наредните денови ќе продолжат активностите и во други населби.  

-Паралелно на тоа се работи во населбата Осми Ноември, а се очекува и да започне во населба Сењак со уредување на влезовите на неколку станбени згради од оваа населба, вели Јорданов

Паркинг места во центарот на градот ќе има и кај стариот Градски пазар, а дополнително ќе се прошири и паркинг платформата, со што центарот на градот ќе има и ново сообраќајно решение, кое ќе го реши хаос на улиците, во текот на попладневните часови.вдј/свс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан