• петок, 22 ноември 2024

Се проширува и модернизира уличното осветлување на улицата ,,Дамјан Груев" во Берово

Се проширува и модернизира уличното осветлување на улицата ,,Дамјан Груев

Берово, 1 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изврши увид во градежните работи за проширување и модернизирање на уличното осветлување на улицата „Дамјан Груев", една од пофреквентите улици во Берово.
 
Нова линија на улично осветлување, како што информира Пекевски, се инсталира во должина од околу 455 метри.

-Инсталирањето се реализира од левата страна, од вкрстување со улицата ,,Ѓорѓи Димитров", до вкрстување со улиците „Индустриска" и „Којова Ливада". 
Ќе бидат поставени светилки по сите стандарди за енергетско ефикасно лед осветлување, со што ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, особено во ноќните часови, рече Пекевски.

Улицата „Дамјан Груев" во Берово е важна сообраќајница и е од големо значење за сите жители на Општина Берово, особено за младите, кои, покрај тоа што се движат до средното училиште, ја користат и за вечерни прошетки.

За поставување на уличното осветлување на ул. „Дамјан Груев" (2 фаза), од Буџетот на Општина Берово за 2024 година ќе бидат потрошени 1,38 милиони денари. вс/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан