• вторник, 02 јули 2024

Се гради затворен базен во Кавадарци 

Се гради затворен базен во Кавадарци 

Кавадарци, 2 март 2024 (МИА) - Се гради затворен базен на локацијата на поранешна ,,Ла Луна" во Кавадарци. 

 Станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари. 

Интензивно се работи на затворениот базен, што првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите други граѓани. Проектот е  финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место,  информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Инвеститор на проектот е Агенција за млади и спорт во соработка со Општина Кавадарци.

Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри. свд/лв/


Фото : МИА 

Остани поврзан