• среда, 17 јули 2024

Се гасне пожар недалеку од населбата Милково Брдо во Делчево

Се гасне пожар недалеку од населбата Милково Брдо во Делчево

Делчево, 1 април 2024 (МИА) - Екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево со две возила учествуваат во гаснење на пожарот, кој денеска попладне избувна недалеку од населбата Милково Брдо.

Во пожарот, како што информираат пожарникарите од терен, запалени се стрништа од кои поради ветрот постои опасност од проширување кон околните викендици.

Од ТППЕ Делчево апелираат граѓаните и сопствениците на имоти да се воздржат од палење оган на отворено.

-Во услови на ветер, палењето на стрништа, сува трева и слично може да биде штетно по околината, по имотот на граѓаните заради што апелираме на воздржување од палење оган на отворено, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Оттаму најавија дека дополнително ќе информираат за евентуални штети од денешниот пожар.

Нивни екипи во текот на вчерашниот ден со помош на мештани гаснеа пожар кај месноста Витковец во правец кон планината Голак, пожар кој исто така беше последица на палење стрништа. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан