• среда, 03 јули 2024

Сезоната во одбојкарските еврокупови нема да се доигра поради пандемијата на коронавирус

Сезоната во одбојкарските еврокупови нема да се доигра поради пандемијата на коронавирус
Рим, 23 април 2020 (МИА) - Поради пандемијата на коронавирус, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) одлучи да не ги игра преостанатите натпревари од еврокуповите, сезоната 2019/20 година. - Советот на ЦЕВ ги откажа преостанатите натпревари од европските купови во 2020 година, вклучувајќи го и Супер финалето во Лигата на шампионите, откако избувнувањето на коронавирус го прекина натпреварот во март. И покрај фактот дека сезоната во еврокуповите нема да биде завршена, одборот се согласи да одвои повеќе од 80% од очекуваниот награден фонд на екипите кои учествуваа во трите купа. Покрај тоа, Одборот на ЦЕВ се обврза да го задржи наградниот фонд за Европското првенство 2020/21 и одобри дополнителна поддршка за клубовите за претстојната сезона, се вели во соопштението на органиацијата. Финалето на Лигата на шампионите во одбојка требаше да се одржи во Берлин на 16 мај. зс/

Остани поврзан