Кејн пред реваншот со Интер: Вистинскиот менталитет е клучот за пласман во следната фаза
- Баерн Минхен е во неблагодарна позиција пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Ги очекува гостување кај Интер, а во Милано доаѓаат со гол негатива, откако го загубија првиот меч на домашен терен. Само еден гол ги дели Баварците од противниците, па утре од 21 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе имаат можност да направат пресврт и да си го обезбедат местото меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Милано, 15 март 2025 (МИА) - Баерн Минхен е во неблагодарна позиција пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Ги очекува гостување кај Интер, а во Милано доаѓаат со гол негатива, откако го загубија првиот меч на домашен терен. Само еден гол ги дели Баварците од противниците, па утре од 21 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе имаат можност да направат пресврт и да си го обезбедат местото меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Германците во својот табор го имаат еден од најдобрите напаѓачи на планетата. Хари Кејн блеска уште од преселбата во Баерн, а се уште го чека првиот трофеј во кариерата. Во Лигата на шампионите постигна 10 гола на 12 натпревари, но не успеа да постигне гол на првиот меч против „нероазурите“. Иако сè уште нема трофеј во колекцијата, Англичанецот знае да оди далеку на турнирите, а запознаен е и со начинот на кој Баварците треба да напредуваат:
-Играв во многу четвртфиналиња во различни натпреварувања и секогаш се трудев да бидам водечка ѕвезда на тимот. Овој тим има големо искуство и сакаме да покажеме што можеме на вакви натпревари. Потребен ни е вистинскиот менталитет ако сакаме да напредуваме утре", изјави Кејн на прес-конференцијата во пресрет на гостувањето против Интер.
Италијанците играат одлично оваа сезона. Сè уште се во конкуренција за тројната круна - први се на табелата во Серија „А“, а се и во полуфиналето на Купот.
-Тие се многу добар тим, во нападот и во одбраната. Ни направија проблеми при контранападите на последниот натпревар. Кога си во четвртфиналето на Лигата на шампионите, играш против најдобрите клубови во Европа. Очекуваме уште еден многу тежок натпревар, истакна напаѓачот на Баерн.
Избраниците на тренерот Винсент Компани имаа дури 20 обиди во првиот четвртфинален натпревар. Вкупно седуммина од нив влегоа во рамката од голот, еден влезе во мрежата додека голманот Јан Сомер ја отстрани опасноста од другите удари. Одговорот на прашањето дали Баерн ќе жали за пропуштените шанси ќе го дознаеме едвај по реваншот. Кејн не е премногу загрижен за тоа.
-Повеќе би бил загрижен да не создадеме многу шанси отколку да не ги искористиме. Голманите и минатиот пат беа на врвот на своите перформанси. Сепак, на утрешниот натпревар планот ќе ни биде да бидеме порешителни во нападот и да ги искористиме приликите кои ни се појавуваат, заклучи 31-годишниот фудбалер. дс
Фото: Архива