• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саудиска Арабија размислува за купување на Формула 1 тим

Саудиска Арабија размислува за купување на Формула 1 тим

Ријад, 15 април 2025 (МИА) - Принцот Калид бин Султан Ал-Абдула Ал-Фајсал рече дека државниот богат фонд на Саудиска Арабија ја истражува можноста за стекнување на Формула 1 тим.

-Натпреварувањето рапидно расте, привлекува нови гледачи и покажува раст на глобалната продажба. Сè уште е тешко да се каже каков тим може да се купи и како ќе се организира менаџментот, но нашиот интерес е сериозен. Ние веќе сме домаќини на Гран при и делуваме како спонзори, па во иднина може да има тим од Саудиска Арабија, ја цитираат агенциите изјавата на принцот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан