• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седумстотини ученици од Куманово учествуваа на училишен крос на аеродромот Аџитепе

Седумстотини ученици од Куманово учествуваа на училишен крос на аеродромот Аџитепе

Куманово, 3 април 2025 (МИА) - Над 700 ученици од Куманово денеска се натпреваруваа на најмасовниот училишен крос натпревар кој се одржа на спортскиот аеродром Аџитепе во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт. Учениците од основните и средните училишта во градот се натпреваруваа во14 трки, по седум трки во машка и женска конкуренција.

-По моја информации од 28 до 30 години сигурно немало организирано крос. Ние за првпат правиме организација според двегодишната програма и се надеваме дека наредната година ќе стане традиција. Учество зедоа осумнаесет училишта од Куманово со над 700 натпреварувачи, изјави Марјан Нојковски, претседател на ОСУС.

На најдобрите ученици со освоени први три места на училишниот крос, им беа доделени медали, дипломи. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска кои на учениците им посакаа континуирани спортски успеси и во иднина.

Крос натпреварот е во целосна организација на општинскиот сојуз на училишен спорт, кој го спроведе натпреварот согласно со усвоената работна програма за тековната година. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан