• вторник, 15 октомври 2024

Северна Кореја почна да ги минира патиштата кои водат кон Јужна Кореја

Северна Кореја почна да ги минира патиштата кои водат кон Јужна Кореја

Пјонгјанг, 14 октомври 2024 (МИА) - Војската на Северна Кореја планира да ги минира патиштата што водат од земјата кон Јужна Кореја, по значителната ескалација на реториката меѓу двете земји во изминатите неколку недели.

Од северниот дел на Корејскиот полуостров ги обвинуваат своите јужни соседи дека користат дронови за испраќање „пропаганда“ критикувајќи го владеењето на Ким Џонг-Ун.

Така биле забележани севернокорејски војници како ги минираат патиштата, што беше најавено во претходните обраќања на лидерот на оваа земја.

Пјонгјанг веќе најави дека ќе ја зајакне одбраната од беспилотни летала и ги предупреди соседите дека континуираното влегување на беспилотни летала во Северна Кореја може да значи „вооружен конфликт“.

И Јужна Кореја ја зајакна одбраната од беспилотни летала, особено од 2022 година, кога на небото над Сеул беа забележани неколку севернокорејски беспилотни летала. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан