Индустриските претпријатија во Придњестровје престанаа да работат поради недостиг на енергија
- Сите индустриски компании во отцепениот молдавски регион Придњестровје престанаа со работа поради недостиг на енергетски ресурси, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за економски развој на тој регион Сергеј Оболник.
Тираспољ, 2 декември 2024 (МИА) - Сите индустриски компании во отцепениот молдавски регион Придњестровје престанаа со работа поради недостиг на енергетски ресурси, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за економски развој на тој регион Сергеј Оболник.
- Кризата е толку тешка што нема потреба да се набројуваат кои компании прекинаа со работа, освен оние кои се занимаваат со производство на храна, односно директно обезбедуваат безбедност на храната во Придњестровје. Нема енергетски ресурси за другите компании во индустрискиот сектор, рече Оболник.
Според него, се прават сите напори да им се овозможи на компаниите да ги испорачаат готовите производи кои се во магацини. јт/
Фото: МИА архива