• сабота, 04 јануари 2025

Шефот на сириската дипломатија го посети Ријад на првото патување во странство

Шефот на сириската дипломатија го посети Ријад на првото патување во странство

Ријад, 2 јануари 2025 (МИА) -  Сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шаибани го посети Ријад, на неговото прво патување во странство откако беше назначен на функцијата.

Сирискиот дипломат во Ријад изрази надеж дека ќе отвори „нова, светла страница“ во односите со Саудиска Арабија, објави Ал Џезира.

- Штотуку пристигнав во сестринското Кралство Саудиска Арабија, придружуван од министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра и шефот на Генералната разузнавачка служба Анас Хатаб, објави Асад ал Шаибани на Х. јт/

Фото: Шаибани на Х

Остани поврзан