• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

Скопје, 18 октомври 2024 

СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје. Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот.

Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.


Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија.


Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.


Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата кон 


Бугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?


Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.


СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата.

СДСМ 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан