• недела, 19 мај 2024

СВР Тетово: На повеќе локации полицајците ќе спроведат планирано есенско боево гаѓање

СВР Тетово: На повеќе локации полицајците ќе спроведат планирано есенско боево гаѓање

Тетово, 16 септември 2023 (МИА) - СВР Тетово ги информира граѓаните дека од утре па до 28 септември нивните вработени ќе имаат планирано есенско боево гаѓање, односно ќе вежбаат пукање и затоа ќе се слушаат пукотници. Вежбањето ќе се одвива на повеќе локации во тетовско и гостиварско подрачје.

-Секторот за внатрешни работи Тетово очекува разбирање од граѓаните за ваквите активности кои се професионална обврска на полициските службеници и припадниците на резервниот полициски состав. Зависно од  организациската единица, гаѓањето ќе се реализира на стрелиштето „Еребино“, импровизираното стрелиште „Рудина“ во тетовска Волковија, како и на двете импровизирани стрелишта Брана во Маврови Анови и во долнореканското село Аџиевци, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Есенското боево гаѓање е според веќе утврдениот годишен распоред, а освен полициските службеници ќе учествуваат и припадниците на резервниот полициски состав на Секторот за внатрешни работи Тетово.ас/лв/

фото МИА 

Остани поврзан