• среда, 03 јули 2024

Сајнц му се извини на Норис за сударот на стартот на бразилското ГП

Сајнц му се извини на Норис за сударот на стартот на бразилското ГП
Сао Паоло, 15 ноември 2021 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, му се извини на Ландо Норис од Мекларен за судирот на почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Бразил. - Треба да ја разгледам репризата, не е сосема јасно кој всушност се удри во кого. Иако е јасно дека свртувањето беше лево, а јас бев на внатрешната траекторија. Не знам како и зошто болидот сврти малку порано и се закачивме. Но, како и да е, сепак ми се чини дека тоа беше тркачки инцидент. Му се извинувам ако нешто згрешив, но не мислам така. На почетокот правев сè исто како порано, но денес од непозната причина се тргна наопаку. Се соочуваме со сериозно лизгање на тркалата, така што ќе биде неопходно да се анализира сè и да се види што е проблемот. Можеби во спојката, можеби во гумите. На крајот на краиштата, денес овој неуспешен старт ме чинеше финиш во Топ 5, изјави Сајнц за „GP Fans“. Саинц на крајот на трката во Сао Паоло заврши на 6. место, додека Норис збеше 10-ти. Победник на трката за Големата награда на Бразил беше возачот на Мерцедес Луис Хамилтон. зс/

Остани поврзан