• петок, 22 ноември 2024

Саем на мед во Куманово

Саем на мед во Куманово

Куманово, 11 ноември 2023 (МИА) - Седумнаесет пчелари од Куманово учествуваат на саемот на мед кој се одржува на градскиот плоштад во чест на Денот на ослободување на Куманово. Саемот го организира локалното здружение „Пчела“ со поддршка на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

- Саемот е дводневен, завршува денеска. Задоволни сме од побарувачката на граѓаните. Ова е втора година како го организираме по повод Денот на ослободувањето на Куманово, што е двојно претставување на нашето локално производство во рок од два месеци, бидејќи во октомври се одржа традиционалната манифестација „Денови на мед“, изјави претседателот на здружението, Бобан Стошевски.

Саемот има продажен карактер, граѓаните можат да се снабдат со мед и други пчелни производи. Од здружението велат дека преку овој саем настојуваат да се вклучат во програмата на одбележување на денот на градот и на сограѓаните да им понудат одлични производи од локално подрачје. ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан