САД уништи противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море
- Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.
![САД уништи противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море](https://new.mia.mk/images/20240127084312_big_730x400_82.webp )
Вашингтон, 27 јануари 2024 (МИА) - Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.
„Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.
Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич). паг/
Фото: МИА архива