САД се обидуваат да обезбедат дополнителни летови од Либан
- САД работат на тоа да ги извлечат своите граѓани од Либан додека Израел продолжува со нападите врз земјата.
Вашингтон, 30 септември 2024 (МИА) – САД работат на тоа да ги извлечат своите граѓани од Либан додека Израел продолжува со нападите врз земјата.
Американската амбасада во Бејрут соопшти дека работи со авиокомпании за да обезбеди дополнителни летови. Американските граѓани веќе беа повикани да избегнуваат патување во Либан или веднаш да го напуштат Либан доколку се таму.
„Поради зголемената нестабилност по воздушните напади во Бејрут и непредвидливата безбедносна ситуација низ Либан, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните опции. Моментално се достапни комерцијални летови, но со намален капацитет. Ако безбедносната ситуација се влоши, опциите за комерцијално заминување би можеле да станат недостапни“, се вели во официјалниот совет. јт/