• понеделник, 23 декември 2024

САД: Електронски завој за побрзо заздравување рани

САД: Електронски завој за побрзо заздравување рани

Чикаго, 23 февруари 2023 (МИА) - Американски научници развија нов медицински електронски уред што би можел да го револуционизира лекувањето рани. Се работи за завој за електротерапија што овозможува побрзо заздравување на повредата и потоа безбедно се распаѓа кога веќе не е потребен.

Иновативниот завој е тестиран на дијабетични чирови во експерименти со животни и се покажа дека го забрзува заздравувањето за 30 отсто. Ова може да биде многу важен наод за дијабетичарите чии рани може да доведат до последици како што се ампутација на екстремитети или смрт.

Проф. Гиљермо А. Амер од американскиот Северозападен универзитет (Northwestern University), појасни дека, кај луѓето со дијабетес кои потешко се борат со инфекциите, електронскиот прилагодлив завој се нанесува лесно и ефикасно ги затвора раните, па спречува натамошни компликации.

Иако се работи за електронски уред, компонентите кои доаѓаат во контакт со раната исчезнуваат по лекувањето, па така се избегнува и несакано оштетување на ткивото.

Милиони луѓе страдаат дијабетес, а за многумина, оштетувањето на нервите предизвикано од дијабетес може да доведе до други медицински проблеми како што се дијабетско стапало. Овие рани тешко се лекуваат и се особено опасни поради намалениот крвоток.

Научниците ја истражуваа терапијата со електрична стимулација како можно решение, бидејќи враќањето на првичните сигнали на телото со помош на струја помага да се привлечат есенцијални хранливи материи потребни за затворање на пострашните рани. Целта на научниците била да развијат поудобен производ за електротерапија што може да се користи и дома. Со тоа, клетките побрзо ја регенерираат кожата и го потиснуваат воспалението.

Уредот се контролира безжично, а лекарите можат да одлучат кога да користат електрична симулација и да го следат процесот на заздравување. По заздравувањето на раната, електродата се распаѓа во телото и не треба да се отстранува. Следи тест на завојот на поголемите животни, а потоа и на луѓе. Преминот од тестирање во употреба, според стручњаците, би требало да биде брз.  си/ссм/

Остани поврзан