• сабота, 27 април 2024

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен

Мелбурн, 25 јануари 2024 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Американката Кори Гауф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен.

Во меч што траеше еден час и 44 минути, Сабаленка славеше победа со 2:0, по сетови 7:6 (7:2) и 6:4.

Белорусинката е актуелен победник на Грен слемот во Мелбурн.

Во финалето Сабаленка ќе игра со победничката од двојката Дајана Јастремскаја (Украина) - Женг Чинвен (Кина). 

Вкупен награден фонд на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан