• недела, 28 април 2024

Сабаленка се откажа од Индијан Велс поради позитивен корона тест

Сабаленка се откажа од Индијан Велс поради позитивен корона тест
Њујорк, 3 октомври 2021 (МИА) – Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка нема да настапи на претстојниот турнир во Индијан Велс, бидејќи е позитивна на Ковид-19. Сабаленка требаше да биде прва носителка на турнирот по откажувањето на Канаѓанката Ешли Барти. - За жал, позитивна сум и не можам да се натпреварувам, објави 23 – годишната Сабаленка на својот Инстаграм профил. Откажувањето на Белорусинката е уште еден удар за организаторите на турнирот, кој започнува утре, откако од настап претходно се повлекоа најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, победничката од 2018 година Наоми Осака и 23-кратната грен-слем шампионка Серена Вилијамс. ег/паг/

Остани поврзан