• недела, 05 мај 2024

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

 

Милано, 27 април 20204 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан