• вторник, 07 мај 2024

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

 

Скопје, 27 април 20204 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа вечерва пораз на домашен терен од Спартак Суботица со 73-78 во првиот полуфинален натпревар од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Актуелниот македонски шампион влезе во завршницата на третата четвртина со предност од 55-50, по уследи пад во играта и серија на противникот од 11-2.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја резултатски да се вратат до крајот на натпреварот и со негатива од пет поени ќе патуваат на реваншот во Суботица идната сабота.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени.

Во второто полуфинале Подгорица триумфираше на првиот натпревар на домашен терен над Војводина со 98-80 пред реваншот идниот четврток во Нови Сад. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан