• петок, 22 ноември 2024

Русија загуби 5.000 тенкови во Украина, изјави висок британски воен претставник во ОБСЕ

Русија загуби 5.000 тенкови во Украина, изјави висок британски воен претставник во ОБСЕ

Виена, 1 ноември 2023 (МИА) - Русија досега загуби 5.000 тенкови во војната во Украина, која трае 200 пати подолго отколку што Москва очекуваше, изјави денеска високиот британски воен советник, Николас Окот, во својот говор на безбедносниот форум во Виена на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), цитиран од Укринформ.

-Шокантната руска војна во Украина сега трае 200 пати подолго отколку што предвидуваше Москва. Неверојатната одбрана на Украина е резултат на огромната храброст и издржливост на украинскиот народ, рече Окот.

Тој не исклучува дека Русија зимава ќе се обиде директно да ја нападне украинската енергетска инфраструктура доколку, според неговите зборови, „успее да ја поврати сè помалата залиха од крстосувачки ракети со долг дострел“.

Британскиот претставник во ОБСЕ смета дека „Русија ќе продолжи да ги прикрива своите безбројни неуспеси на бојното поле за да дозволи овие неуспешни напори да продолжат“.

-Дури и на овој дипломатски форум, Русија ќе се закани дека ќе ги уништи украинските авиони, а истовремено ќе продолжи да ги соборува сопствените авиони на небото, зборувајќи за воени успеси додека сега контролира само половина од украинската територија што ја држеше на почетокот на кампањата, па дури може да прикаже и неколку машини на НАТО на задолжителното слајдшоу без да признае дека веќе загуби 5.000 тенкови во оваа катастрофална кампања, рече британски воен советник.

Окот, исто така, го потенцираше и фактот дека Русија сега е принудена да соработува само со авторитарните режими низ светот. сд/

Остани поврзан