• петок, 10 мај 2024

Русите го зазеле селото Бердичи, кај Авдеевка, во источна Украина

Русите го зазеле селото Бердичи, кај Авдеевка, во источна Украина

Москва, 2 мај 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговите сили ја презеле контролата врз селото Бердичи во источна Украина, јавија руските медиуми.

„Како резултат на активните акции, единиците на армиската група „Центар“ целосно го ослободија населеното место Бердичи во Доњецката Народна Република, а исто така ги подобрија тактичките позиции и им нанесоа порази на формациите на 59-та моторизирана пешадиска бригада, 42-та, 47-та механизирана бригада на ВСУ (Вооружени сили на Украина) и 109-та бригада за територијална одбрана во областите на населените места Воздвиженка, Калиново, Сокол, Новопокровское и Прогрес во Доњецката Народна Република“, се вели во соопштението на Министерството. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан