• недела, 22 декември 2024

Белгија обезбеди помош од 9 милиони евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија обезбеди помош од 9 милиони евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Брисел, 10 мај 2024 (МИА)  - Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан