Рубио: Се очекува натамошен напредок во преговорите меѓу САД и Украина
- Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува преговорите со украинските претставници да донесат „натамошен напредок“ кон постигнување договор за прекин на војната во Украина.
Мajaми, 30 ноември 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува преговорите со украинските претставници да донесат „натамошен напредок“ кон постигнување договор за прекин на војната во Украина.
„Ова не е само прашање на мировни договори. Тоа е создавање пат кон иднината што ќе ѝ овозможи на Украина да остане суверена, независна и просперитетна, и очекуваме дека денеска ќе постигнеме уште поголем напредок“, рече Рубио.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, претходно денеска објави дека преговорите со САД се започнати и изрази позитивни очекувања од новата средба со американската делегација во Мајами, нагласувајќи дека разговорите особено ќе се однесуваат на безбедноста на Украина и нејзината иднина. рп/
Фото: МИА архива