• сабота, 17 август 2024

Ројс ја продолжува кариерата во ЛА Галакси

Ројс ја продолжува кариерата во ЛА Галакси


Лос Анџелес, 15 август 2024 (МИА) – Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Марко Ројс (35) е нов член на американскиот МЛС тим ЛА Галакси, со кој потпиша договор на две и пол години.
Ројс по 12 години минати во „жолто-црните“ на крајот од минатата сезона ја напушти Борусија Дортмунд, а во Лос Анџелес пристигна без обесштетување.
Додека настапуваше за Борусија, Ројс двапати беше прогласуван за играч на сезоната во Бундеслигата додека го носеше дресот на Борусија, а за бундеслигашот од Дортмунд на 429 натпревари постигна 170 голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан