• среда, 03 јули 2024

Романо: Флик потпиша договор со Барселона

Романо: Флик потпиша договор со Барселона

Барселона, 29 мај 2024 (МИА) - Германскиот фудбалски стручњак Ханси Флик потпиша договор со Барселона, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, договорот со 59-годишниот Германец е веќе потпишан од страна на управата на клубот.

На 24 мај Барселона објави дека 44-годишниот Чави ќе ја напушти функцијата. 

Во сезоната што изминаа, Каталонците го освоија второто место во шпанското првенство со 85 бодови. Заостатокот од Реал Мадрид беше 10 бода.

Флик претходно работеше за Баерн Минхен и германската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан