• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Родителите на Жабер не добија виза за во живо да ја гледаат својата ќерка во финалето на Вимблдон

Родителите на Жабер не добија виза за во живо да ја гледаат својата ќерка во финалето на Вимблдон
Лондон, 9 јули 2022 (МИА) - Родителите на Онс Жабер нема да можат да присуствуваат на финалето на Вимблдон, каде нивната ќерка ќе игра со Елена Рибакина од Казахстан. На таткото и мајката на тенисерката од Тунис не им беа одобрени визи за влез во Велика Британија. Според информациите од Лондон, ваквата одлука на властите не е поврзана со вакцинацијата против коронавирус. Да напоменеме дека претставничката на Тунис за првпат ќе игра во финалето на Грен слем турнирот. Женското финале на Грен слемот во Лондон ќе почне попладнево во 15 часот. зс/

Остани поврзан