• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вембањама сака да игра на Евробаскет 2025

Вембањама сака да игра на Евробаскет 2025

Париз, 29 март 2025 (МИА) - Селекторот на француската кошаркарска репрезентација Фредерик Фоту изјави дека центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама се подготвува за настап на Европското првенство во 2025 година.

- Имавме разговор со него пред операцијата, тој е мотивиран да биде дел од националниот тим. Да видиме како ќе се развива неговата физичка кондиција, ќе донесеме одлука кога ќе дојде време, а дотогаш ќе бидеме во неизвесност. Но, тој се чувствува добро, неговата рехабилитација оди добро, ги цитира „L'Equipe“ зборовите на Фоту.

Дваесет и едногодишниот Французин се повлече од сезоната 2024/25 на почетокот на февруари поради длабока венска тромбоза на десното рамо. 

Вембењама одигра 46 натпревари во оваа регуларна сезона, со просек од 24,3 поени, 11,0 скока и 3,7 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан