• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Волф за преговорите со Расел: „Договорот не е само гаранција за место во тимот

Волф за преговорите со Расел: „Договорот не е само гаранција за место во тимот

Лондон, 29 март 2025 (МИА) - Директорот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, се осврна на преговорите за нов договор со Џорџ Расел. Волф е убеден дека проблемите наскоро ќе бидат надминати и ќе се постигне согласност за продолжување на соработката.

- Ситуацијата со договорот на Џорџ ќе стане појасна наскоро. Ние планираме долгорочна соработка со нашите возачи, но деталите од дискусиите остануваат внатрешно прашање на тимот. Се оди како и обично. Гласините за нашиот интерес за Верстапен ќе згаснат. Но, секој договор не е само гаранција за место за возачот. Во него има многу услови кои треба да се договорат за да биде корисен и за тимот и за возачот. „Тоа е структуриран пристап, изјави Волф.

Третата етапа од Шампионатот во Формула 1 ќе се одржи од 4 до 6 април во Сузука. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан