• сабота, 29 јуни 2024

Рестрикции во водоснабдувањето во дебарското село Косоврасти

Рестрикции во водоснабдувањето во дебарското село Косоврасти
Дебар, 23 јули 2022 (МИА) - На подрачјето на Општина Дебар официјално почнаа рестрикциите во водоснабдувањето од водоводот Росоки-Дебар. Како што информираа од Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од денеска рестрикција е воведена за корисниците на селото Косоврасти. - Поради недостиг на вода, што дојде како последица на злоупотребата на вода од страна на корисниците, принудени сме да ја воведеме непопуларната мерка - рестрикција во водоснабдувањето. Ќе трае од 11 до 15 часот се до подобрување на ситуацијата, информираа од „Стандард“. Токму поради злоупотреба на водата за пиење за наводнување бавчи, градини, миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите, веќе се чувствува недостиг и во градот. Тоа условува секојдневно по најмалку двочасовен прекин во снабдувањето по населби во последните десеттина дена. Од „Стандард“ го повторуваат апелот за рационално користење на водата, за да не бидат принудени да воведуваат рестрикции и во Дебар. вт/сп/

Остани поврзан