• недела, 30 јуни 2024

Српскиот министер Старовиќ во посета на Северна Македонија

Српскиот министер Старовиќ во посета на Северна Македонија

Белград, 29 јуни 2024 (МИА)- Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјала Немања Старовиќ денеска ќе ја посети Северна Македонија по повод одбележувањето на Брегалничкта битка од Втората балканска војна (1913), јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на полагање венци и одавања на највисоки државни и воени почести по повод 111-годишнината од Брегалничката битка на ридот Каленица во Штип, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Старовиќ пред почетокот на одбележувањето на државната церемонија ќе положи венец во Спомен - костурницата посветена на Св. Стефан Дечански во Долно Караслари кај Велес.

Истиот ден, Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на положување венци во Спомен-криптата костурница посветена на српските војници загинати во Втората балканска војна во селото Цер. об/вг/

Фото: Министерство за труд, вработување, ветерани и социјала на Србија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан