• петок, 22 ноември 2024

Реконструкција на улицата „808“ во општина Гази Баба

Реконструкција на улицата „808“ во општина Гази Баба

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Градот Скопје започна со градежни работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба. Улицата е под надлежност на Градот. Реконструкцијата на оваа улица ја најави градоначалничката Данела Арсовска при денешниот увид во отпочнувње на градежните активности на терен, информираат од Одделението за односи со јавност при Град Скопје.

Според Арсовска, оваа улица е во катастрофална состојба и не била реконструирана повеќе децении.

- Улицата „808“ е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број товарни возила, бидејќи се работи за индустриска зона. Минатиот месец на оваа локација се изврши реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа, а покрај реконструкција на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот, пишува во писмената изјава на Арсовска.

Како што се додава во соопштението, реконструкцијата се извршила на потег од крстосницата со улица „16. Македонска Бригада“ - кај централната база на Противпожарната бригада, до крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“.

- Со ова се реализира уште еден проект од програмата „За модерно Скопје“, проект баран од граѓаните повеќе децении. Градежните работи на реконструкцијата на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје“, се наведува во соопштението. бд/лв/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан