• вторник, 02 јули 2024

Регистрирани вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели од средината на февруари

Регистрирани вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели од средината на февруари
Киев, 15 март 2022 (МИА) - Вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели се регистрирани од средината на февруари, според Виктор Жора, заменик-претседател на агенцијата за кибер безбедност SSSCIP во  таа држава. Многу од нападите, речиси сигурно од Русија, имаа за цел да ги исфрлат давателите на интернет услуги и другите комуникации, како и владините и финансиските служби паралелно со воената офанзива на Москва, додаде Жора. Рекордниот број беше „275 во еден ден“ на 15 февруари пред почетокот на војната, изјави тој. Повеќето беа напади со цел да се спречи функционирањето на услугата. -Нападот врз Виасат, компанија за сателитски комуникации, на крајот на февруари, што ја прекина услугата во Украина и на други места, е под истрага од Украина, рече Жора, како и, наводно, од американската Агенција за национална безбедност. аа/

Остани поврзан