• петок, 10 мај 2024

Реал Мадрид со најмногу номинации во идеалниот тим на Ла Лига

Реал Мадрид со најмногу номинации во идеалниот тим на Ла Лига

Мадрид, 2 мај 2024 (МИА) - Реал Мадрид има најмногу фудбалери номинирани за идеалниот тим на сезоната во Ла Лига, кој го избираат навивачите.

Осум играчи на идниот шампион беа наградени меѓу најзаслужните за своите позиции - Андриј Лунин, Даниел Карвахал, Антонио Ридигер, Тони Крос, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Родриго и Винисиус Јуниор.

Во исто време има шест претставници на Барселона - Роналд Араухо, Жоао Кансело, Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Роберт Левандовски и Ламин Јамал. Шест се на сензацијата на Жирона.

На веб-страницата на лигата, секој поддржувач може слободно да гласа за најдобрите 11 по позиции до 5 мај, а потребна е бесплатна регистрација. дс

Фото: Фејсбук/Реал Мадрид

Остани поврзан