• петок, 22 ноември 2024

Ѓорческа остана без полуфинале во Трнава

Ѓорческа остана без полуфинале во Трнава

 

Трнава, 10 мај 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучерсот во Трнава, откако денеска загуби во четвртфиналето од осмата носителка Вероника Ерјавец од Словенија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 90 минути игра.

Во првиот сет Ерјавец поведе со 2:0 во гемови, а македонската тенисерка успеваше да израмни на 2:2 и 3:3, по што следуваше серија од три гемови за Словенката која го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет, Ѓорческа имаше одличен почеток и водство од 3:0 во гемови, но потоа следуваше период на проблеми со сервисот и во следните два гема кога сервираше направи четири двојни сервис грешки. Тоа ѝ овозможи на Ерјавец да израмни на 3:3, а потоа и да поведе со 4:3. Ѓорческа го освои следниот гем, но Ерјавец врза два гема во серија и го доби вториот сет со 6:4.

Во мечот Ѓорческа имаше четири брејка од седум можности, а противничката седум од девет.

За пласманот во четвртфиналето на овој турнир Ѓорческа освои 16 ВТА поени. ег ФОТО: МИА

Остани поврзан