• вторник, 02 јули 2024

Реал Мадрид ги прогласи Дончиќ и Сајнц, за почесни членови на клубот

Реал Мадрид ги прогласи Дончиќ и Сајнц, за почесни членови на клубот
Мадрид, 24 март 2021 (МИА) - Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана во вторникот, одлучи да ги номинира автотркачот Карлос Сајнц и кошаркарот Лука Дончиќ за почесни членови на клубот, што е најголемо клупско признание. Реал Мадрид би сакал јавно да оддаде признание на овие две водечки фигури во светскиот спорт, кои се примери за нашите вредности и кои секојдневно ја демонстрираат својата посветеност и страст кон нашиот клуб, стои во соопштението за медиумите. Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го носеше дресот на Реал од 2015 до 2018 година, а потоа замина во НБА-лигата. Ѕвездата на Далас Маверикс, кој во моментов е еден од најдобрите играчи во НБА, се обидува да не пропушти натпревар на Реал Мадрид, и покрај временската разлика. Што се однесува до Сајнц, тој честопати присуствуваше на натпревари на „Естадио Сантијаго Бернабеу“. Легенда е во својата област, во два наврати го освои Светскиот шампионат во рели и е еден од најголемите спортисти во Шпанија досега. зс/

Остани поврзан