• вторник, 02 јули 2024

Реал ги нуди Азар или Камавинга во замена за Влаховиќ

Реал ги нуди Азар или Камавинга во замена за Влаховиќ
Мадрид, 20 ноември 2022 (МИА) - Раководството на Реал Мадрид испратило барање за размена на играчи до Јувентус, пренесува „Calciomercatoweb“. Кралскиот клуб е заинтересиран да го придобие напаѓачот Душан Влаховиќ. Според италијанскиот медиум, сопствениците на мадридскиот тим се подготвени да понудат еден од своите играчи во замена за српскиот напаѓач. На Јувентус им дадоа да избираат Еден Азар и Едуардо Каваминга. Дваесет и двегодишниот Србин дојде во редовите на „старата дама“ во јануари 2022 година. За трансферот на напаѓачот од Фиорентина, Јувентус плати 81 милион евра. Влаховиќ оваа сезона настапи на 15 натпревари за Јувентус, постигна седум гола и имаше две асистенции. зс/

Остани поврзан