• среда, 10 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук статусот на Венко Филипче

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук статусот на Венко Филипче

Скопје, 9 јули 2024 

Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, треба да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева.

Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше.

Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко.

Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница? 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан