• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

10 јули 2024 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје - Министерот за транспорт Александар Николоски ќе се обрати на трибината „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет. (амфитеатар на Градежен факултет/ 10:00/  изјави се предвидени пред почетокот на настанот)

Виница – Амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир ќе ја посети Виница и ќе оствари средба со градоначалникот Миле Петков и со Советот на општината. (Општина Виница, по средба изјави за медиумите ќе дадат евроамбасадорот Гир и градоначалникот Петков/ 12:00 – 12:30) 

Скопје – Одбележување на Денот на демократијата и националното единство фокусирана на „Демократија и соработка во регионот на Балканот“. (Меѓународен балкански универзитет/ 11:00).

Струга – Презентација на иновативен концепт за осветлување. (х. „Дрим“, ул. „Борис Кидриќ“ 51/ 12:00 – 14:00)

Скопје – Седмо издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“. (Центар на култура во Општина Ѓорче Петров, во спомен собата на Анте Поповски/ 19:00)

Скопје – Во рамките на „Скопско лето 2024“ ќе биде изведена претставата за деца „Младиот Чорбаџија“ (во Крушумли ан/ 19:00), а ќе биде отворена и изложбата „Модерна традиција“ на Филип Фидановски (во Музеј на град Скопје/ 20:30).

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан