Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Венко Филипче
- СООПШТЕНИЕ - Кај Филипче се се движи околу бројката 35, првин 35 милиони евра тендер преку жути@јаху, а сега 35% наводен пад на гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е заедничкиот именител?
Скопје, 18 август 2024
Кај Филипче се се движи околу бројката 35, првин 35 милиони евра тендер преку жути@јаху, а сега 35% наводен пад на гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е заедничкиот именител? - И тендерот му пропадна кога ВМРО-ДПМНЕ го обелодени, и прогнозата му е трула, базирана на неговите влажни соништа.
Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била појака. Народот уште во првите 50тина дена ја гледа придобивката од смената на власта.
За разлика од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај СДС се случува процес на ситнење. Филипче мака мачи да ги одврати членовите да не заминат во други помали партии.
Никој не му верува на тендер докторот на Заеви, Филипче, кој уште не знае да каже како ја стекна хациендата на Водно и луксузниот џип ауди Q8.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива