• среда, 15 мај 2024

Рашфорд го продолжи договорот со Манчестер jунајтед до 2028 година

Рашфорд го продолжи договорот со Манчестер jунајтед до 2028 година

Манчестер, 17 јули 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед постигна начелен договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот договор, објави „Sky Sports“.

 

Според изворот, новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе се пресметува до летото 2028 година.

 

Рашфорд е во Манчестер јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2024 година. 

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

 

Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра 55 натпревари на кои постигна 30 голови и шест асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан