• вторник, 02 јули 2024

Распуштена Владата на Судан

Распуштена Владата на Судан
Картум, 8 февруари 2021 (МИА) - Премиерот на Судан, Абдулах Хамдок вчера ја распушти Владата, a новите министри предвидено е да бидат именувани во текот на денот. Во согласност со мировниот договор од окотомври 2020 година потпишан од суданската Влада и вооружените групи во Џуба, Јужен Судан, предвидено е вклучување на поранешните бунтовници во власта.  На 4 февруари, претседателот на Суданскиот суверен совет, Абдел Фатах Ал-Бурхан именува три нови на Советот. Законодавниот совет треба да биде составен од 330 члена, а ќе се формира Комисија за подгготовка на нов устав на Судан. ми/

Остани поврзан