• среда, 15 мај 2024

Распишан конкурсот за упис на студенти на штипскиот Универзитет

Распишан конкурсот за упис на студенти на штипскиот Универзитет

Штип, 5 јули 2023 (МИА) - Распишан е огласот за запишување студенти за прв циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД) во академската 2023 - 2024 година.

Ректорот на УГД - Штип Дејан Мираковски вели дека роковите за пријавување во прв уписен рок се од 21 до 24 август, втор уписен рок на 6 и 7 септември и трет уписен рок на 18 и 19 септември. Во меѓувреме студентите може и електронски да се пријават. 

-Согласно планот имаме слободни 2 236 места за редовни студенти, некаде околу 900 места за студенти со кофинансирање, 770 за вонредни студенти. Имаме неколку новитети, вклучени се нови програми на англиски јазик, компјутерско инженерство на англиски јазик, вели Мираковски.

И оваа година, како и претходно, дел од студентите со одличен просек од средно образование ќе бидат ослободени од плаќање партиципација во прва година. Најголем број партиципации ќе има на факултетот за медицински науки, а најмалку на Ликовна и Филмска академија. 

-Морам да споменам дека и оваа година обезбедуваме партиципација, односно ги ослободувме од плаќање студентите од прва година согласно успехот од средно образование. За медицински науки ослободуваме вкупно 40 кандидати, земјоделски, факултет за природни и технички науки, економски, правен и факултет за туризам и бизнис логистика по 20 студенти, електро – технички, машински, технолошки, технички по 10, на факултетот по информатика 30 и на факултетот по образовани науки, музичка академија по 10 студенти и 5 студенти на Ликовна и Филмска академија, додава Мираковски.

Во моментот на УГД студираат 7.000 активни студенти, од кои околу 400 до 500 се активни странски студенти и уште толку кои имаат подготвителна настава на македонски јазик. вдј/мд/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан