• понеделник, 01 јули 2024

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен осомничен дилер

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен осомничен дилер

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Струмичката полиција вчера попладнето во село Добрејци, струмичко, го лишила од слобода Д.К. (45) од село Добрејци.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

 

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан