• четврток, 04 јули 2024

Расел победи во спринтот на бразилското Гран при

Расел победи во спринтот на бразилското Гран при
Сао Паоло, 13 ноември 2022 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше најбрз на спинт трката пред главниот настан на бразилското Гран при во Формула 1. На автодромот „Хозе Карлос Пејс“ попознат како „Интерлагос“ Расел синоќа го освои првото место и со тоа си обезбеди пол-позиција з аглавната трка. Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц беше втор, а трет заврши уште еден возач на Мерцедес - Луис Хамилтон. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул остана на четвртото место. Главната трка од светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Бразил ќе почне вечер од 19 часот. зс/

Остани поврзан