Радоњиќ нов тренер на Панатинаикос
- Црногорскиот кошаркарски стручњак, Дејан Радоњиќ е назначен за шеф на стручниот штаб на Панатинаикос.
![Радоњиќ нов тренер на Панатинаикос](https://new.mia.mk/images/20221113170324_big_730x400_20.webp )
Атина, 30 јуни 2022 (МИА) – Црногорскиот кошаркарски стручњак, Дејан Радоњиќ е назначен за шеф на стручниот штаб на Панатинаикос.
Атинскиот клуб се договори за двегодишна соработка со 52-годишниот Радоњиќ кој ја мина последната година и пол на чело на Црвена ѕвезда.
Во последното издание во Евролигата, српскиот клуб го зазеде 11. место со биланс 12-16 (победи-порази). Панатинаикос беше 13-ти со скор 9-19.
Во последните две сезони, Црвена ѕвезда предводена од Радоњиќ ја освои Јадранската лига и првенството на Србија. зс/