• недела, 22 декември 2024

Портер, доживотно исклучен од НБА, се соочува со судење поради обложување

Портер, доживотно исклучен од НБА, се соочува со судење поради обложување

Њујорк, 4 јули 2024 (МИА) - Поранешниот центар на Торонто репторс, Џонтај Портер ќе се соочи со федерални кривични пријави поради спортско обложување, пишува „The Athletic“.

Се очекува 24-годишниот Американец целосно да ја признае вината. Рочиштето ќе се одржи на 10 јули.

Во април оваа година, НБА го суспендираше Портет доживотно, со што му беше забранет влез во лигата. 

Кошаркарот беше обвинет за откривање доверливи информации на спортските обложувалници. Дополнително, утврдено е дека Портер сам направил неколку облози користејќи туѓа сметка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан